Учесничката во реалното шоу „Задруга 4“, Миљана Кулиќ, постојано истакнуваше дека има убави и згодни сестри кои би создале хаос доколку се појават на естрадата или во некое ријалити.
Иако Миљана отсекогаш тврдела дека има совршени пропорции и одлично тело, што во последно време и не е баш така, таа никогаш не го криеше фактот дека дома ги има сестрите Тијана и Ана кои изгледаат многу подобро од неа.
„Моите сестри се рибетини за овие пачаври, овде. Тијана и Ана се убави како кукли. Јас сум убава, но тие се двојно поубави. Ниту една од овие не им е рамна“ – истакна во неколку наврати во шоуто Миљана.
Во однос на сите три, Тијана најмногу наликува на нивната мајка Марија.
Нејзините фотографии од нејзиниот приватен профил на Инстаграм ретко протекуваат, а сега осамна една од која ќе ви застане здивот, зашто Тијана Кулиќ е вистинска русокоса „секс бомба“!