Македонската фолкерка Татјана Лазаревска ужива во семејната идила со сопругот и синовите во нивниот дом во Австралија.
Пејачката веќе неколку години живее во Мелбурн од каде што редовно ги информира своите Фејсбук пријатели како го поминува времето и што прави.
Бидејќи таму владеат високи температури и лето, Лазаревска изминатите денови покажа како ужива на плажа полнејќи ги батериите и витамин Д.
За време на новогодишните празници пејачката уживаше заедно со својоте најмили и најсакани, а сега за Стара нова година, Татјана и нејзиниот сопруг позираа покрај новогодишна елка.
За оваа прилика таа облече црвен краток фустан, а нејзиниот сопруг носи фармерки и црвена маица. Стокмени еден покрај друг, парот позираше покрај новогодишната елка, а тука е и насмевката која зрачи на нивните лица.
Нема сомнеж дека фолкерката ужива во љубовната идила со Новица, а секој заеднички момент е полн со љубов и вистинско уживање.
Нивните пријатели на Фејсбук ги опсипаа со позитивни коментари, некои од нив им ја честитаа Стара новата година, други ги поканија што побрзо да дојдат во Македонија, а некои им порачаа дека изгледат супер заедно.