Ристе Ристески публика го памети по неговото учество и победа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тој по победата започна да работи на својата музичка кариера, а се пресели и во Белград каде што живее веќе подолго време.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/skromno-i-bez-mnogu-detali-dzirnete-vo-iznajmeniot-stan-na-riste-risteski-vo-belgrad-foto/
Kaко и неговите колеги, Ристе изминатите месеци не настапува поради пандемијата со коронавирусот.
Освен што музички не беше активен, Ристе воопшто го немаше во јавноста, па речиси не се појавуваше во медиумите и немаше нови објави на социјалните мрежи.
Меѓутоа, по долго време македонскиот пејач ги израдува следбениците со нова фотографија.
Имено, за време на зимските одмори Ристе батериите ги полни на едно од најубавите места за опуштање и релаксација.
Тој деновиве батериите ги полни на Копаоник, па се качи на скии и се впушти во зимските авантури.
Од приложените фотографии може да се забележи дека победникот на „Ѕвездите на Гранд“ го променил личниот опис, односно има брада, но и понатаму е во топ форма и вистински фраер.