Радио Милева најголема среќа

Водителката на „Со Тамара во акција“ позираше со својата едногодишна ќерка: „Ленка ни помогна полесно да го надминеме лошото од претходната година“

Водителката на „Со Тамара во акција“ позираше со својата едногодишна ќерка: „Ленка ни помогна полесно да го надминеме лошото од претходната година“

Водителката на познатата емисија „Работна акција“ односно сега „Со Тамара во акција“ ги освои срцата ширум светот благодарение на своите хумани дела и својата позитивна енергија.

Имено, екипата на водителката ширум Србија реновираат и поправаат домови за пет дена, а семејствата се вселуваат во нови куќи кои изгледаат потполно поразлично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S Tamarom u akciji (@stamaromuakciji)


Иако секој петок може да ја гледаме на РТС во опуштени изданија или рабонички одела, многу ретко може да ја видиме во елегантни изданија.

Овој пат, Грујиќ заедно со нејзината еднагодишна ќерка позираше за магазинот „Hello“.

Таа вели дека 2020 година ќе ја памети и по убави работи, односно по првиот роденден на нејзината ќерка Ленка, првите зборови, првите чекори.

„Само поради неа, со желба првпат да заплива во море се изборив да одиме на одмор. Децата се украс на светот, покрај нив се’ e полесно.Ленка ни помогна да го надминеме се лошто што го искусивме, видовме и слушнавме минатата година“, вели водителката.

Инаку, Тамара ја носи својата ќерка на терен, па во емисиите често може да ја видиме и Ленка во некој кадар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S Tamarom u akciji (@stamaromuakciji)


Водителката откри какви планови има на професионално поле за новата 2021 година.

– Нашата продукција,покрај „Акција“, која ќе ги помести територијалните граници во кои досега работевме, ќе реализира уште еден многу важен проект поврзан со екологијата и животната средина. Се надевам дека колективно ќе ја разбереме важноста на борбата за чист воздух и заштита на природните убавини на нашата земја, дека повеќе ќе уживаме во нив.Како автор и продуцент, сакам да се занимавам исклучиво со теми кои ја подигнуваат општествената одговорност и помагаат во едукација на јавното мислење во областа на заштитата на животната средина, а нашиот фокус ќе биде на програмата за деца. Младите живеат виртуелен живот што немаат никаква врска со реалноста, сè е „испеглано“ и површно, па децата растат лишени од какви било подлабоки емоции. Солидарноста, мотото на шоуто „Со Тамар во акција“, е поактуелна од кога било. Ајде да се обидеме да си дадеме едни на други колку што е можно повеќе, да ги исполнуваме желбите, бидејќи само таквиот живот во иднината на оваа планета ќе има смисла.

фото: Лука Шараќ/ хелло магазин

Инаку, Тамара ја доби ќерката Ленка од бракот со Вук Ѓоковиќ.

To top