Радио Милева

Селин Дион од мака во мака: И почина сопругот, а сега и таа на операција!

Селин Дион од мака во мака: И почина сопругот, а сега и таа на операција!

Канадската пејачка Селин Дион (49) ги откажа настапите во Лас Вегас, бидејќи мора да направи операција на увото. Дион ќе се врати на музичката сцена во мај, откако ќе се опорави.

Нејзиниот агент објасна дека Селин има проблем со аудитивната (евстахиска) цевка, поради која има проблеми со слухот и тешко пее.

“Таа состојба ја измачува последните 12 до 18 месеци, но досега успешно го лекувала со капки за уво и други лекови. Но, сега тоа повеќе не делува и мора да направи операција која е минимално инвазивна”, рекле во службената изјава.

Селин им се извинила на фановите кои веќе купиле влезници за нејзините концерти. Исто така, во јануари откажала неколку настапи поради настинка.

A post shared by Céline Dion (@celinedion) on

“Во последно време немам среќа. Многу се радував што повторно ќе настапувам и потоа се случи ова…Едноставно не можам да верувам! Ви се извинувам на сите, знам дека сте разочарани, жал ми е “, рекла Селин.

To top