Промотер

Сузана Гавазова новата година ја започна со „Прстен несуден“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова новата година ја започна со „Прстен несуден“ (ВИДЕО)

Сузана Гавазова секако важи за една од најпопуларните и најбарани фолк пејачки во Македонија. Атрактивната струмичанка  на 1-ви јануари 2021 година ја објави својата нова песна заедно со видеоспот, насловена “Прстен несуден”.

Гавазова овој проект го најави уште кон крајот на минатата година, кога и го снимаше видеото изработено од Ин продукција во македонскиот туристички бисер Охрид, под режисерската палка на Даниел Јовески.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/suzana-gavazova-bez-da-se-razvede-dobi-ushte-eden-svrshenichki-prsten-nesuden-foto/

Љубовта и овој пат како вечна тема, а приказната во видеото ја поведе фолкерката на патување низ времето, за низ песна да ја раскаже приказната за големата љубов за двајца млади.

Текстот го напишал Орце Зафировски, а аранжманот го направил Минтас Мемедов.

To top