Последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ за еден ден на Јутуб е во трендинг, а се тоа поради кандидатот кој го расплака жирито, а според многумина тој е победник на „Ѕвездите на Гранд“.
Станува збор за Исак Шабановиќ од Црна Гора кој доби ги доби сите шест гласа.
По неговата изведба, жирито застана на нозе, а публиката и жирито го наградија со долг, силен аплауз.
Драган Стојковиќ Босанац му се поклони, Јелена му даде најубави комплементи, а Марија Шерфиовиќ му понуди дуетска песна.
„Мајсторе, ти си се она за кое јас зборувам овде осум, девет години. Покажа дека знаеш да пееш, покажа што е естрада и покажа си како се сака музика“, изјави Босанац.
„Сине, мене ме расплака, ова е ненормално добра емоција“; истакна Ѓорѓе Давид.
„И мене успеа да ме расплачеш. Ме погоди твојот талент, емоција и ја ти честитам и ти си од вчера нова балканска ѕвезда“ изјави Јелена.
Настапот на Исак може да го погледнете во видоето подолу на 1:18:26