Ја испратвиме 2020та година, а ја дочекавме 2021 година мирно, тикво без големи помпи и прослави, без големи фешти и еуфорија и се тоа поради коронавирусот.
Додуша, за некои 31 декември е и како секој друг ден, па без разлика на короната или не, многумина овој ден не го одбележуваат нешто посебно и на големо.
Македонските естрадни уметници ако лудата ноќ ја дочекуваа на плоштади, ресторани, хотели, дискотеки, сплавови, овој 31 декември останаа дома и ја дочекаа новата мирно, со надеж дека ќе заврши короната, а тие ќе им се вратат на концертите и настапите.
Меѓутоа, Анета Молика додека чека да се врати на сцена, таа е физички активна.
Имено, во текот на летото таа често пешачеше или возеше велосипед во планинските предели.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-aneta-molika-se-frli-na-sportuvanje-vo-zdravo-telo-zdrav-duh/
Исто така со оваа активност продолжи и во 2021 година, па ни студеното време, ниту снегот не ја спречи новата година да ја започне со одење и „билдање“ на физичка кондиција.
Добро познато е и дека македонската водителка Ирена Спировска е љубител на планинарењето, па често може да ја видиме во природа.
Без разлика дали е лето, пролет, есен, зима, дали грее сонце или врне дожд, дали е ладно или не, за Ирена нема изговори да не планинари, а друштво најчесто и прави нејзиниот партнер Душко Исајловски.
Овој пат, на првиот ден од јануари, водителката замина на планирање на врвот Магаро на Галичица.
Овој момент таа го овековечи со фотографија која ја објави на својот Инстаграм.
-01.01.2021, напиша Спировска покрај објавата.
Според суеверијата и верувањата, како ќе ти започне новата година, таква ќе ти биде целата година, па за водителката тоа и нешто ново затоа што таа секоја прилика и слободен момент ги користи да ужива во убавите планински предели на Македонија.