Се породи Евгенија Марковска сопругата на инфектологот др. Вело Маковски – пренесе Шило магазин.
Вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.
Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.
Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.
Евгенија на 01 јануари 2021 година во 10 часот на свет донесе здраво девојче. Ова е второ дете на семејството Маркоски. Инаку на познатиот инфектолог ова му е и втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс -пратеничката Ѓулистана Марковска.
Нека им е жива и здрава приновата на семејството Марковски.