Радио Милева Збогум 2020, да не ни се повториш никогаш!

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2021 година

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2021 година

2020 година која ја оставаме зад нас беше полна со страв, неизвесност,загуба, социјален живот ставен на неодредена пауза и максимална примена на виртуелното.

Социјалните мрежи и виртуелното дружење ни станаа секојдневие, а такви беа и честитките за новата 2021 година.

Така си честитавме и посакаме желби за исполнета и среќна година пред нас, односно нормална и ни приближно слична како 2020-та.

Македонските јавни личности кога се поклопија стрелките на часовникот и заврши одбројувањето, а некои и порано, ги земаа телефоните во раце и испратија честитка до своите пријатели, обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Лила Филиповска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Еве стојам и гледам како полека си заминува 2020-та…некако бавно како да не и се оди синкир била прекрасна.Оди и никогаш да не се повториш !!!!!! Ако ти беше целта да не потсетиш дека здравјето е најбитно, дека за секоја навика постои одвика, дека може да живееме и без многу патување, без луди журки и излегувања , дека физичката дистанца може уште повеќе да ги зближи луѓето…да ти кажам искрено…успеа, ама доста е веќе го сакаме животот назад!!! Се што сакаме оваа година е….да ни биде сѐ што не беше ти !!!
И да… без разлика што повеќето од вас ќе останат дома тоа не значи дека не треба да се дотераат…еве како јас на пример…. ја облеков најсвечената хаљина од мојата најдрага „Елена Лука“ ги ставив пердувите и наздравив за поубава иднина и подобро здравје за сите нас.

СРЕЌНА И УСПЕШНА НОВА ГОДИНА драги мои инста пријатели.

Снеже Велков

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Нека биде слобода

Да се ослободиме од неизвесноста стравот и исчекувањето

Да се ослободиме од статистики прес конференции, броеви, кластери и препораки

Да се ослободиме од ограничувањата од рестриксциите и дезинфекциите

Да се ослободиме од црни и бели сценарија

Да се ислободиме од теории завери,политичка демагогија и хејтерска психологија

Да се ослободиме од туѓите мислења и Што ќе помислат другите

Да се ослободимен од немоќта и “Ќути има и полошо”

Да се ислободиме од “Така ми е пишано” и да напишеме нови страница

Да се ослободиме од “Толку можам” и да запнеме за повеќе!

Да се ослободеме од немото посматрање на туѓите успеси и пропуштените шанси

Да се ослободиме од мислата “Кога ќе дојде време”!

ОТИ ДОЈДЕНО Е!
Да ја ослободиме моќта, самодовербата и да ги рашириме крилјата секој поединечно секој за себе но да се вивнеме во јато на слободата мудроста храброста и иднината која завии од нас.

Оти една птица пролет не чини’ но едно јато чуда прави!

2021 нека биде Слобода!

Мартин Филиповски

Среќна Нова година да сте здрави и живи и да не се повтори ваква година. Чувајте се идеме јако 2021.

Марјана Станојковска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Довидување 2020. Драги пријатели, да ја испратиме оваа исклучително тешка година сплотени со заедничка желба за добро здравје, безброј среќни мигови и со добри вибрации да влеземе во Новата 2021 која силно верувам дека ќе биде подобра. Да сме живи и здрави, наздравје!

Каролина Гочева

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Само насмеани во 2021!

Елена Ристеска


СРЕЌНА НОВА 2021ва година!!!Ја завршуваме со @bombakis со позитивна енергија до максимум за да ни почне следната уште попозитивно… Подготвени за убави нешта? Ние сме подготвени да ја избркаме 2020та и никогаш да не се повтори..

Васил Зафирчев

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Zafircev (@vasilzafircev)


Среќни новогодишни и божиќни празници! Во годината што доаѓа ви посакувам да бидете нечија утеха, потпора и сила. Да станете некому светлина, надеж и верба. Со својата љубов, посветеност и грижа да им причините на луѓето околу вас насмевка, топлина и среќа. Вашите мисли и дела нека бидат промената која ја посакувате во светот. А самите вие најдобрата и најубавата верзија од себеси. За посреќна, поубава и поуспешна 2021! Среќно и на здравје, на живот!

To top