Радио Милева

„Ќе го прескокнам делот со болките и чекањето“: Водителката Милена ги сподели емоциите од Големиот 28-ми август!

„Ќе го прескокнам делот со болките и чекањето“: Водителката Милена ги сподели емоциите од Големиот 28-ми август!

Поминаа седум месеци откако ТВ водителката Милена Антовска-Станковска стана мајка за првпат.

На вчерашниот ден, односно датумот кога нејзината наследничка Лана Марија наполни седум месеци, мама Милена ја навјасаа посебни чувства и емоции за да сподели со следбениците на Инстаграм, како се чувствувала денот кога бебенцето дојде на свет.

Благодарна на Бога што и го дал благодетот, но и на сопругот Гордан, кому се заблагодари за љубовниот дар.

Нејзината емотивна исповед за тој Голем ден, 28-ми август, гласи вака:

Ја гледам сликава и си го премотувам цел тој ден во глава. Да, 28-ми август минатата година, сончев ден како денешниов. Ќе го прескокнам делот со прегледот и болките и чекањето затоа што на крајот на краиштата тоа и не е важно, се заборава. Туку ете така ми дојде да ги споделам емоциите кои ми навираат денеска, точно 7 месеци откако се роди мојата душа Лана Марија. Се сеќавам како ми беше кога прв пат ги видов тие очиња, кога прв пат нејзиното тело го допре моето, кога прв пат ги бакнав тие мали прстиња… 7 месеци го живеам најубавиот период од мојот живот, исто толку месеци исполнети со среќа, љубов, солзи, радост, смеа… ти благодарам Господе за оваа убавина, ти благодарам што ми овозможи да станам подобра личност, да станам мајка. А уште повеќе ти благодарам тебе Гордан Станковски љубов моја

 

Ја гледам сликава и си го премотувам цел тој ден во глава. Да, 28-ми август минатата година, сончев ден како денешниов. Ќе го прескокнам делот со прегледот и болките и чекањето затоа што на крајот на краиштата тоа и не е важно, се заборава:) Туку ете така ми дојде да ги споделам емоциите кои ми навираат денеска, точно 7 месеци откако се роди мојата душа Лана Марија. Се сеќавам како ми беше кога прв пат ги видов тие очиња, кога прв пат нејзиното тело го допре моето, кога прв пат ги бакнав тие мали прстиња… 7 месеци го живеам најубавиот период од мојот живот, исто толку месеци исполнети со среќа, љубов, солзи, радост, смеа… ти благодарам Господе за оваа убавина, ти благодарам што ми овозможи да станам подобра личност, да станам мајка. А уште повеќе ти благодарам тебе Гордан Станковски љубов моја???

A post shared by Milena Antovska Stankovska♑ (@milliemilaa) on

To top