Aлбанскиот пејач Шпат Касапи кој беше именуван за советник во Кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби. Тој е разрешен по откривањето на скандалот со дрогата пронајдена кај Касапи.
– „Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес.“ – потврди вчера Груби за „360 степени“.
Касапи пред околу еден месец беше фатен со две пакетчиња непозната прашката материја во Ѓорче Петров. Дрогата му била одземена а тој бил приведен.
Триесет и петгодишниот тетовец Касапи инаку е син на поранешната пратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи.
Остана уште да се разреши „мистеријата“ или поточно, „мизеријата“ за 45 евра на оној со Бентлито… И веројатно уште којзнае колку други „груби и мизерни мистерии“ што не ги знаеме, а една по една испливуваат на површина, осамнувајќи во јавноста! Белким ќе дојде ден когаќе се разрешат… сите!