Радио Милева Брена како виното - колку постара, толку поубава

Лепа Брена се надмина самата себе на новогодишното снимање на „Ѕвезде Гранда Специјал“

Лепа Брена се надмина самата себе на новогодишното снимање на „Ѕвезде Гранда Специјал“

Лепа Брена важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот,  но и една од најдобро стилизираните.

За неа, годините се само бројка, па колку е постара толку подобро изгледа.

Брена ги диктира и модните трендови во некоја прилика, па за неа може слободно да се каже дека секогаш е во тренд со модата, шминката, облекувањето.

Кога ќе помислите дека нема повеќе со што да изненади, тогаш таа ги разубедува сите и повторно се надминува самата себе.

Пејачката откако започна короната беше надвор од Србија и заедно со сопругот уживаше на егозтични патувања.

Меѓутоа, деновиве таа е во Белград и пристуствуваше на новогодишно снимање на емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.

фото: Принтскрин/инстаграм/лепа брена

За оваа прилика, Брена облече црвен фустан кој ја истакна нејзината витка фигура и долгите затегнати нозе.

Тука е и новата фризура за која нејзините фанови коментираат дека одлично и стои.

 

To top