Калиопи Букле важи за една од најпознатите македонски пејачи како во Македонија, така и во регионот.
Каде и да се појави, таа плени со својата позитивна енергија, хармиза, со својот глас….
Иако поради коронавирусот, естрадните уметници немаат настапи и повеќето време го поминуваат во своите домови, Калиопи најде начин како да ги забавува своите фанови.
Имено, таа често се уклучуваше во живо на социјалните мрежи, разговараше, се дружеше, пееше со своите фанови.
Меѓутоа, денес (28.12.2020) бројни честитки пристигинуваат на адреса кај Калиопи, а нејзините фанови се трудат на убав и позитиве начин да и го честитаат роденденот, да ја развеселат на овој ден.
Во кусите приказни на Инстаграм, пејачката сподели пораки од нејзините следбеници, а срцето и е полно со љубов.
Меѓутоа, фолк дивата се потсети и на своето детство, па објави неколку фотографии од бебе, а во описот напиша:
„Ако ме прашате за годините, јас не се грижам бидејќи малата Опи живее во мене и ќе живее засекогаш“, напиша пејачката.
View this post on Instagram
Под објавата се нижеа честитки, како од нејзините фанови, така и од нејзините колеги и колешки ширум регионот.
Инаку, Опи наполни 54 години. Среќен роденден.