Радио Милева За нов почеток

Секси во црвено: Сара Мејс изгледаше магично на новогодишниот концерт со Македонска филхармонија (фото+видео)

Секси во црвено: Сара Мејс изгледаше магично на новогодишниот концерт со Македонска филхармонија (фото+видео)

На 24-ти декември, изминатиот четврток во големата сала на Македонската филхармонија се одржа новогодишен концерт под наслов „Нова Година, нов почеток“.

Со оглед на ситуацијата со коронавирусот и мерките за безбедност и заштита од истиот, бројот на посетители беше ограничен.

Концертот беше под диригентската палка на Џијан Емин, а како солисти настапија: Џон Илија Апелгрин, Сара мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

фото:марија аргакијева/фејсбук/сара мејс

Дамите кои настапија на сцената изгледаа магично во избраните тоалети, а Сара Мејс со изборот на црвениот фустан и белата крзнена наметка, едноставно се издвои во фокусот.

фото:марија аргакијева/фејсбук/сара мејс

За секси нота на фустанот придонесе високиот шлиц и голиот грб кој дополнително го нагласи нејзиниот сексапил и женственот.

фото:марија аргакијева/фејсбук/сара мејс

Моделот го потпишува долгогодишната соработничка, дизајнерка и стилистка Фран. Уживајте во музиката за новиот почеток на Новата 2021 година.

To top