Германскиот супермодел Хајди Клум се фотографираше за насловната страница на јануарското издание на германскиот „Вог“ заедно со својата ќерка Лени Клум.
Насловната страница следеше само една недела откако водителката на популарната емисија „America’s Got Talent“ се пошегува дека нејзината 16-годишна ќерка покажува интерес за манекенство.
„Беше само прашање на време кога ќе се испробам во манекенството. Првата понуда ја добив кога имав само 12 или 13 години и тоа од бренд на облека кој обожувам да го носам. Ја молев мојата мајка да ми дозволи, но тоа не доаѓаше предвид. Сега сфаќам дека тоа би било премногу рано“, рекла Лени за своите модни афинитети.
View this post on Instagram
За желбата на својата ќерка, Хајди Клум зборуваше во едно интервју.
„Сега е доволно возрасна за тоа. Отсекогаш мислев дека е премногу млада, а исто така бевме одлучни да ги држиме децата далеку од очите на јавноста“.
View this post on Instagram
Насловната страница на престижното списание предизвика воодушевување кај многумина и сите велат дека наследничката на Клум личи на својата мајка која и денес плени со убавина.
View this post on Instagram
„Сигурна сум дека допрва те чекаат возбудливи работи. „Вог“ е најдобриот начин за да ја започнеш кариерата за која мечтаеш. Дури и ако ми е малку тешко да те пуштам во овој свет, секогаш ќе правам се за да бидеш среќна и за да ги оствариш своите соништа. Горда сум што сум ти мајка“, ѝ порачала Хајди на својата ќерка по пат на социјалните мрежи.