Радио Милева емотивна ќерка

Покажа од кого ја наследила убавината: Вака изгледа мајката на Емилија Розман

Покажа од кого ја наследила убавината: Вака изгледа мајката на Емилија Розман

Македонската мисица, модел и манекенка Емилија Розман е доста активна на социјалните мрежи, па секогаш кога има повод знае да се огласи и да се пофали што има ново во нејзиниот живот.

Таа знае да објави фотографии од себе на кои позира во разни модни комбинации или понекогаш знае да сподели цитати за животот, љубовта, луѓето, разочарувањата….

фото: инстаграм/емилија розман

Меѓутоа, неодамна ја покажа својата мајка Руменка Розман која славеше роденден.

Токму по тој повод, манекенката објави фотографија со жената која ја родила, а во описот и напиша емотивна порака која сигурно ја разнежила.

„Мојата сила, мојот камен, мојата потпора, моја жена ХЕРОЈ. Луѓето знаат колку патам по татко ми до степен што многу често ја запоставувам личноста која ми е се’ во животот, ѕвездата водилка без која немаше да успеам во животот. Моето рамо за плачење, мојата утеха, мојата среќа, моите нервни испади. Мојата мама. Ти благодарам што постоиш, што баш ти си ми мајка, што ме трпиш сите овие години и што секогаш ми даваш сила да продолжам напред без разлика на се. Среќен роденден мама, те сакам бескрајно“, напиша таа покрај фотографијата.

фото: инстаграм/емилија розман

Потсетуваме, таткото на Емилија, Дамир почина пред три години.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emilija-rozman-go-odbeleza-denot-na-svojot-neprebol-denot-koga-ti-pochina-bez-da-umresh-a-jas-umrev-bez-da-pochinam-foto/

To top