Пејачката Јана Тодоровиќ откри како го запознала сопругот со кој е две децении во брак.
Тие се заедно 23 години, а од бракот имаат ќерка која се роди во странство.
Пејачката вели дека од првиот момент знаеле дека ќе бидат заедно.
„Јас и Иван се запознавме пред 23 години, на Косово каде што живеев и пеев. Тој дојде да ме слушне бидејќи му требаше пејачка за ресторанот кој го отвори во Минхен. Тој реагираше на првата песна. После два часа се доближи и ми кажа: „Или ќе бидеш моја или ничија“. Тоа беше нашата прва средба“, изјави Јана во „Магазин ин“, па додаде:
„Многу мои пријатели знаат што тогаш се случуваше во мојот живот. Така да влегов во серизона врска и еве 23 години сме заедно, имаме прекрасно девојче“, вели пејачката.
Инаку, Јана моментално ужива на егзотични патувања, па своите следбеници ги почести со неколку фотографии во бикини, но и го покажа сопругот Иван.