Kако што се ближи 31 декември, така познатите се огласуваат на социјалните мрежи покажувајќи го домот во новогодишно руво.
Некои од нив исто така открија кои им се желбите за следната 2021 година.
Нова водителка на „Брза кујна“, Сања Савеска која оваа сезона е дел од кулинарското шоу бидејќи нејзината колешка е бремена и треба да се породи, откри што посакува во следната година.
Имено, Сања, заедно со своето момче Томи позираше покрај новогодишната елка, а во описот на фотографијата ги напиша нивните желби за 2021.
-Подготвени сме за новата година, посакуваме здравје и љубов за сите. Јас посакувам меѓудругото да успеам да ги забавувам гледачите во Брза кујна, да бидат сите насмеани, а Томи и понатаму успешно да им помага на пациентите и да спасува човечки животи.
Сакајте се и бидете заедно во домот, прославете со најблиските, да помине оваа состојба па сите безгрижно да излеземе заедно на улиците“, напиша Савеска.
Инаку, таа во едно интервју откри дека нејзиното слободно време го поминува со партнерот Томи.
„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во се’ што работам. Сакаме многу да шетаме во природа,но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави Савеска за „Слободен печат“.