Јелена Карлеуша откри еден интересен детал за нејзините ќерки Атина и Ника. Во најновата епизода на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, таа раскажа еден многу убав и интересен детал кој никој не го знаеше!
Имено, кога дојде редот на натпреварувачот Елсан Пилица, белградската „скандал дама“ од „Гранд“ жирито веднаш почна да го задева заради неговото презиме. Она што е интересно е дека неговото презиме Пилица е збор кој е исто така прекарот со кој своите ќерки Ника и Атина, Карлеуша ги нарекува по дома.
„На ќерките им викам дека се Пилици. Пилица 1 и Пилица 2“ – рече во „Ѕвездите на Гранд“ фолк дивата, без при тоа да појасни зошто девојчињата имаат таков „остар“ прекар?! Ако е така, тогаш неа слободно можеме по прекар да ја викаме… „дрвосеча“?!