Македонската водителка, пејачка и претседател на кулнарското друштво „Гастромак“, изминатиот викенд имаше убав повод за славење, радување.
Имено, таа е доста активна на социјалните мрежи каде секојдневно објавува нешто поврзано со нејзината професија или пак со емисијата „Вкусот на традицијата“.
Меѓутоа, овој пат Алачки сподели детали од приватниот живот, однсоно се пофали дека доби снаа.
Имено, нејзиниот син, Благоја Алачки ја побара за сопруга неговата девојка Јована.
Водителката овие радосни вести ги сподел на Фејсбук пишувајќи емотивна порака.
– Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите нишани…да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг..да им е полна куќата со дечиња….честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени- напиша таа под фотографијата на која се гледа свршеничкиот прстен.
Под објавата се нижеа се честитки, а еве како изгледа идната снаа на Алачки.