Радио Милева љубов на прв поглед

Ова е 32-години помладата сопруга на легендарниот пејач на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек: Таа му е трета – среќа или ќе биде… „Ружица беше, сега веќе не си?“ (ФОТО)

Ова е 32-години помладата сопруга на легендарниот пејач на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек: Таа му е трета – среќа или ќе биде… „Ружица беше, сега веќе не си?“ (ФОТО)

Некогашниот пејач на легендарната рок група „Бијело дугме“,  Жељко Бебек деновиве го слави својот 75-ти роденден. Тој беше првиот пејач на најголемиот и најпопуларен екс ЈУ бенд, а некои велат и најголемата рок група на сите времиња во регионот, која официјално ја напушти во 1984 година и  продолжи со соло кариера.

Освен успехот во шоубизнисот, животот на пејачот го обележаа и љубовните турбуленции.

Имено, Бебек има два неуспешни брака зад себе, а во моментов ужива во третиот со својата сопруга Ружица, која е дури 32 години помлада од него. Тие се заедно од 2002 година, а Бебек рече дека се заљубил во сегашната жена уште на прв поглед.

Отсекогаш мислев дека немам време или дека нема да можам да најдам вистинска убов. Дотогаш, мајка ми ми беше жена на прво место. Потоа ја запознав Ружица и можам да кажам дека тоа беше љубов на прв поглед. Веднаш можев да и вратам со „Те сакам“. Само кога ќе ја пронајдете вистинската љубов, тогаш разбирате што тој збор всушност значи. Го чувствуватесо целото свое битие. Покрај неа, научив дека има нешто што е над мојата кариера“ – ќе додаде Бебек, кому таа му е трета – среќа… Или ќе биде како во баладата на „Дугме“:  „Ружица беше, сега веќе не си?“

„Нема да си дозволи таков луксуз сега, уште за малку…“ – велат злобниците асоцирајќи на возраста на пејачот, кој за среќа, иако длабоко навлезен во осмата деценија од животот, очигледно се’ уште е во извонредна форма и кондиција.

Фото: Инстаграм принтскрин/zeljkobebek

To top