Пејачката Злата Петровиќ во интервју за свет – скнадал.рс зборуваше за својот приватен живот, како ги поминува деновите во корона, со кој од колегите е во добри односи и со кој се гледа и слуша.
Таа исто така откри дека го гледа и реалното шоу „Задруга“.
„Секако, сакам да гледам“.
На прашањето дали има фаворит, Злата вели:
„Имам, братот Кристијан. Да ви кажам, многу луѓе може да бидат по затвори, судбина, живот, можеби така требало да биде. Јас не зборувам за неговото минато, ни што правел, туку само дека бил во затвор, друго не знам. Но, во реалното шоу секоја му е на место. Нека мисли кој што сака, тоа е мое мислење. Прво, многу е пендантен, а второ им кажува на сите како што би кажала и јас. Кога некој ќе го изнервира тој ќе каже, кога ќе се смират тој е разумен. Мене ми е „прва лига“. Во затвор научил за животот. Не сака да го изгуби семејството поради ријалити. Некој таму гази преку мртвите, а тој мисли однапред. Никој не е цвеќе. Па и јас бев љубовница и за тоа зборував јавно. Никој не ме праша, ниту пак знаеше за таа врска, дури ни новинарите. Тоа е животот“, вели Петровиќ.
Целото интервју може да го прочитате тука.