Водителката на „Магазин ин“, Сања Маринковиќ неодамна се разведе од сопругот Александар Уран, а сега првпат отворено проговори за бракот, но и за разводот.
„Јас се омажив од љубов, а не на основа на професија и баланс. Јас сум емотивна спонзоруша. Секогаш се водам по емоциите. Со текот на времето на мојот сопруг почна да не му се допаѓа што сум јавна личност. Исто така патевите почнаа да ни се разделуваат, како и уверувањата за заеднички живот. Исчезнаа емоциите и одлучивме да се разделиме. Пред неколку месеци престанавме да живееме заедно, а пред 2, 3 години емотивно се разделивме. Дури две години се обидовме да го одржиме бракот поради синот Страхиња. Се борев, не беше лесно“, раскажува Сања.
„Не сакаваме официјално да се разделиме додека Страхиња не беше среќен. Тој ништо не забележа. Често патувавме, се трудевме се да изгледа како што треба, но со текот на времето сфативме дека тоа никаде не не води. Претходно одевме кај терапевт за да биде се полесно и безболно, но се беше потешко“, вели водителката.
Таа открива дека од терапевтот побарала совет како на нејзиниот син да соопштат дека неговите родители се разведуваат.
Маринковиќ откри дека таа со нејзиниот сопруг се запознале во студиото на Пинк, кога таа влегла во делот за монтажа за емисијата „Се за љубов“.