Филип Живојиновиќ многу ретко објавува фотографии од неговиот приватен живот, а во тоа го поддржува неговата сопруга Александра Пријовиќ.
Како и да е, бидејќи е време на новогодишна еуфорија, и бидејќи веќе некое време сè е во знакот на Нова Година во нивниот дом со, синот на Боба Живојиновиќ реши да ги израдува фановите.
Прекрасната фотографија, направена во семејната куќа, ги воодушеви сите следбеници на Филип.
– Сè што сакам за празниците сте вие – напиша сопругот на пејачката Александра Пријовиќ, кој го зема малиот Александар во раце додека е во друштво на неговата мајка Зорица.
View this post on Instagram
Новото милениче, кучето Маша, е омилено друштво на Александар, а следбениците со ентузијазам коментираат колку е прекрасно што Александра и Филип го воспитуваат својот син да негуваат љeубов кон животните, па така и новиот член е дел од симпатичната семејна фотографија.
View this post on Instagram
Инаку, домот на Александра Пријовиќ ја доби енергијата на празникот, елката е украсена, огништето во позадина гори и сè е во знакот на празниците кои полека пристигнуваат.