Промотер

Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски има само една желба, што ја преточи во песна – „Да си моја“ (ВИДЕО)

Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски има само една желба, што ја преточи во песна  – „Да си моја“ (ВИДЕО)

Ако светот е на пауза, музиката не е… не барем за оние што ја создаваат и изведуваат, а такви има и кај нас. Како младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, кој ја промовираше неговата најнова песна – „Да си моја“.

Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во такви услови, музичарите не престанаа со музицирање. Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов музички материјал од кој произлезе темата со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа: Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман. Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат, врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.

 

 

„Долго работевме на оваа песна. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката.

За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“.

„Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола“ – дополни младиот музичар. Инаку за тие што не знаат, Живе студира соло оперско пеење  на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

 

 

Проследете ги песната и видеото и уживајте и во ова парче домашна музика:

 

To top