На естрадата, особено на онаа српската, многумина од пејачите се милионери. Добро заработуваат со години, иаат дебели банкарски конта, скап возен парк, уникатна гардероба, чевли, накит, и секако убави и богато опремени куќи и станови во елитните наслеби на српската престолнина, како и викендички нрна море и планина.Токму затоа со години се провлекува прашањето, чија куќа е најубава, најскапа и најбогато опремена. На Брена, Цеца, Драгана Мирковиќ или некој од машките фолк/поп легенди како покојниот Шабан Шаулиќ, Мирослав Илиќ, Саша Поповиќ, Здравко Чолиќ…?
Но, реалноста е по се’ изгледа, сосема понаква. Ни Брена, ни цеца, ниту Драгана… туку таа…
Пејачката Вера Матовиќ е сопственичка на најскапата куќа на естрадата, вила која се наоѓа на Дедиње, и сосе покуќнината и останатите уметнички предмети во неа, вреди цело богатство.>Во една прилика, екипата на „Папарацо лов“ ја следеше пејачката откако се појави во една емисија, а потоа се упати кон нејзината семејна куќа на Дедиње, за која се смета дека е една од најскапите меѓу забавувачите.
Иако не оддава таков впечаток однадвор, според тврдењата, Вера работела напорно со години и инвестирала во исклучителни стилски парчиња, антиквитети и уметнички слики од најдобрите современи домашни автори, чија вредност во меѓувреме двојно е зголемена.
Проценето е дека оваа вила на Дедиње во Белград денес има вредност од пет до седум милиони евра!
Инаку, Вера Матовиќ има повеќе од 50 години кариера, а како што забележале папараците, сите домашни работи ги извршува нејзиниот сопруг.