Вчера, недела 13 декември 2020 почина Милан Лазиќ, таткото на пејачот Дарко Лазиќ. кому неодамна му беше извршена операција за намалување на желудникот, која подоцна беше проследена со компликации и тој со денови беше во кома.
„Не го очекувавме сето ова, на Дарко му е многу тешко и не бевме подготвени за ваква вест. Лекарите се обидувале да го спасат со часови, но немало напредок. Органите му попуштија по операцијата на желудникот, па иако лекарите дадоа се’ од себе, беше попусто. Во моментов никој не може да го смири Дарко, целото семејство и пријателите се со него. Милан беше добар човек и ние сме со нашиот Дарко“ – рече Енес Хаџиќ, менаџерот на пејачот.
Дарко изјавил за српските медиуми дека на неговата мајка Бранка и било многу лошо и тешко ја поднесла смртта на нејзиниот сопруг.
„Вистина е тоа што го слушнавте, татко ми не издржа. Дадовме се од себе“ – кратко рече Дарко низ липање, со солзи и скршен од болка во гласот. „Никако не сум. Исто така и е многу тешко и на мајка ми. Како и сите нормални луѓе, и ние сме исти кога некој ќе ни починее, тешко ни е на сите нас“.
Дарко пред неколку дена на својот Инстаграм објави дека Милан е во лоша состојба, но дека тие веруваат дека тој ќе ја добие оваа битка.
„Преживеав сè, иако ми дадоа само 5 проценти шанса да преживеам, ти ќе преживееш и со шанса од 1 процент затоа што си ме создал и си посилен од мене“, напиша тогаш пејачот, но срцето на неговиот татко сепак не издржа.