Промотер

На Виктор Апостоловски таа му создава – „Пеперутки“ (ВИДЕО)

На Виктор Апостоловски таа му создава – „Пеперутки“ (ВИДЕО)

Пејачот Виктор Апостоловски кој македонската јавноста го запозна пред десетина години преку талент шоуто „Македонски идол“,  ја промовираше својата најнова песна.  По макфестовската тема „Срца камени“ за чија кореографија при изведбата битолчанецот доби и награда за најдобар сценски настап, Виктор сега ја претстави темата „Пеперутки“.

Апостоловски е самиот комолетен автор (музика, текст, аранжман, музичка продукција) на неговото ново музичко остварување, кое вообичаено за него, е проследено и визуелизирано и со видеоспот во реализација на неговата видео продукција „VA Records“, додека зад камерата бил Дејан Трајчевски.

Во спотовите на Виктор секогаш се појавуваат убави и згодни млади девојки, па тоа не е исклучок и овој пат, така што со него во видеото моѓжете да видите  уште една македонска убавица, моделот Анастасија Димеска.

За што станува збор, погледнете во продолжение во неговите „Пеперутки“.

To top