Радио Милева „Ми беше слатка и симпатична“

Вистината на виделина: Откриени непознати детали за несогласувањето меѓу Драгана Мирковиќ и Сека Алексиќ

Вистината на виделина: Откриени непознати детали за несогласувањето меѓу Драгана Мирковиќ и Сека Алексиќ

Драгана Мирковиќ и Сека Алексиќ беа добри пријателки со години, сè додека не се случи една ситуација во 2010 година, што промени сè и оттогаш двеее не разговараат.

Имено, како што претходно пишуваа медиумите, Драгана Мирковиќ слушнала дека Сека наводно ја озборувала со заедничките менаџери, по што го прекинале контактот.

Поради тоа, Сека со помош на правниот тим побара телевизијата на Драгана да престане да ги емитува нејзините песни и спотови, што и самата Драгана го потврди тоа.

– Сека Алексиќ се забрани на мојата телевизија. Не знам, можеби сакаше да биде казнета, па се забрани. Никогаш не забранувам никого, па дури ни оние што ми направија штета во животот. Сека ми беше слатка и симпатична. Онака, баш симпатична – рече Драгана за едно шоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Пред три години се шпекулираше дека Драгана и Сека ќе седат заедно во жирито на „Пинкови Ѕвезди“, а Мирковиќ тогаш истакна дека не и пречи, а исто така објасни и зошто и го честитала раѓањето на синот.

-Луѓе, без разлика дали го заслужиле тоа или не. Секој жив човек е достоен за моја почит и секогаш ќе се однесувам така. Јас јавно и честитав на Сека за раѓањето на дете, бидејќи тоа е најубавото нешто на светот – беше искрена Драгана.

Сека не даде коментар на оваа тема и скоро секогаш се воздржуваше, но истата година потврди дека не се помириле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

– Не сме се помириле, но мислам на нејзиното најдобро како колешка. Сè остана како што беше – рече пејачката.

To top