Пејачката Анабела Атијас изненади многумина велејќи дека разбира мажи кои изневеруваат, но како што вели не ги оправдува.
– Тие се родени да бидат ловци. Тоа е запишано во нивната ДНК уште од камено време. Тие треба да бидат разбрани, бидејќи тие некогаш служеле за оплодување на целото племе. Ниту се свесни за тоа, ниту можат да управуваат со својата природа. Почнав да ги разбирам мажите кои изневеруваат. Не значи дека ги оправдувам, но разбирам. Секако, постојат исклучоци – изјави пејачката за „Хит Информер“.
View this post on Instagram
Покрај тоа, Анабела проговори и за одвикнување од зависност.
– Никогаш немав пороци и не знам како се чувствуваат луѓето што ги имаат. За нив сигурно не е лесно. Имам луѓе во моето опкружување кои се успешно излекувани, како мојот Андреј, со кого сум горда. Додека не одите во нечии чевли, не знаете како е тој. Не им судам, но ги разбирам – потенцираше Атијас.