Радио Милева Кога технологијата не ти е силна страна

Ана Бекута и Мрка јавно ја прозваа Лепа Брена: „Извини Брено, но…“ (видео)

Ана Бекута и Мрка јавно ја прозваа Лепа Брена: „Извини Брено, но…“ (видео)

На социјалната мрежа Твитер се појави смешно видео чии главни актери се Ана Бекута и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка. Пејачката упорно се обидува да снима со Мрка, но тоа не и оди од рака.

Имено, во тоа видео, Мрка објаснува како да се држи телефонот за да бидат и двајцата во кадар, а тоа предизвика општо смеење на социјалните мрежи.

– Извини Брено, но Ана го има најјакото видео – пишува во описот на еден корисник на Твитер кој го сподели ова видео, а наскоро и Ана Бекута го стори истото, докажувајќи дека сака да прави шеги на своја сметка.

– Извини Брено – напиша на шега Ана Бекута и ја означи Брена, што предизвика бројни реакции на Твитер, бидејќи многу корисници на оваа социјална мрежа се пошегуваа и за неа.

– Дали набавивте селфи стап? Сè уште не ја гледам Брена, Боба редовно отпаѓа од кадар – гласеше друг коментар.

„Беки има стап, јас имам долги раце“, напиша на шега Бекута.

To top