Моделот, ријалити учесничка, трендсетерка, за а некои и најпозната македонска старлета, Александра Накова, перидов е стационирана во родната Гевгелија.
Таа редовно на социјалните мрежи објавува како го минува секојдевието, а според приложеното има доста исполнет ден низ град со оглед на ситуацијата со коронавирусот.
Од ресторан, до теретана, Накова не може да седи дома, да остане во општено домашно издание, туку мора да е скоцкана по своја мерка и да биде магнет за погледи.
View this post on Instagram
Токму тоа го предизвика и во теретаната од еден познат гевгелиски хотел каде ја одржува својата линија.
Колку вежбала, не покажа со видео, но затоа направи неколку пози стехната во хеланки кои ги оцртуваа нејзините атрибути, а згора на тоа облече и деколтиран топ од кој бујните гради и беа на мегдан.
Оние што биле присутни во теретаната, особено од машкиот пол, сигурно им било тешко да го направат тренингот како што е ред.