Пејачот Саша Ковачевиќ важи за еден од најголемите заводници на српската јавна сцена, а со последната фотосесија остави без здив многу припаднички на понежниот пол.
Имено, Саша на Инсатграм објави видео на кое може да се види како позира во цветен костум, додека под него беше гол.
Извајаните стомачни мускули дојдоа до израз, а пејачот цело време позираше заводливо и без сомнение многу девојки не останаа рамнодушни на оваа негова најава.
View this post on Instagram
Инаку, Саша е познат како некој што тренира редовно и јаде здраво.
– Моето семејство ми вели дека сум болен во тој поглед, иако исто така мислам дека ја преминав границата затоа што ги исфрлив скоро сите намирници. Јадам риба, пилешко и стек. Од пијалоци, вода, лимонада и бело вино, кои сакам да ги пијам на настапи. Од јаглехидрати, јадам компири и ориз, јадам зеленчук и малку овошје – откри претходно Саша и истакна дека редовно оди во теретана.
– Одам во теретана пет до шест пати неделно, во зависност од патувањата. Секако, има денови кога би јадел нешто слатко со очите, но карактерот не ми дозволува да се откажам, откри своевремено пејачот.