Пејачот Димитар Андоновски пет години ужива во бракот со сопругата Христина со која го има синот Михаил.
Димитар не е од оние корисници кои „висат“ на социјалните мрежи и често да ги објавуваат деталите од својот живот.
Некогаш знае да објави приватен момент со својата сопруга или пак со синчето.
Неодамна, тој и се обрати на на својата сопруга истакнувајќи дека таа многу му помогнала да биде подобар сопруг и татко.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dimitar-andonovski-ja-pokaza-svojata-nezna-strana-pa-javno-i-se-obrati-na-soprugata-ti-si-mi-motivacija-da-se-boram-sekoj-den/
Меѓутоа, овој пат Диме ја покажа и другата негова важна жена во животот односно неговата мајка.
Имено, неговата мајка Гордана го прослави својот 60ти роденден. Таа позираше покрај внуците и роденденската торта на која има свеќички со број 60.
„Една ми е најсакана мајка, жива и здрава да ми си“, напиша пејачот покрај објавата во кусите приказни на „Инстаграм“.
Мајката на Диме изгледа како вистинска дама, па кој и би рекол дека има 60 години?