Најновиот извештај покажува дека прочуениот музичар Принс во моментот кога настапила смртта имал повеќе од смртоносна доза фентанил во крвта.
Почина на 21-ви април 2016 година, а лекарите истакнуваат дека пејачот се предозирал и тоа била сигурната прична за неговата смрт на 57 години. Беше пронајден сам, во лифтот од својата куќа.
-Количината пронајдена во неговата крв е преголема занекој кој беше во хронични болки, вели лекарот Луис Нелсон.
Експертите пак, во јавноста реагираа дека не постои смртоносна доза на фентанил,а личноста на која и е препишан може да стане дури и толерантна, а за еден што е смртоносна доза, за друг може да биде голема помош.
Dailymail.co.uk/Foto:Profimedia