Радио Милева Софистицирано

Кралицата Летиција во стилот на Кејт Мидлтон: Оваа комбинација е полн погодок (фото)

Кралицата Летиција во стилот на Кејт Мидлтон: Оваа комбинација е полн погодок (фото)

Шпанската кралица Летиција отпатува во Валенсија за да присуствува на церемонијата на доделувањето на престижната награда “Rei Jaume I”.

Оваа награда е основана во 1989 година и се доделува на научници кои постигнале успех во својата област на истражување.

фото:профимедиа

Во моментов има шест различни категории, а на добитниците им се доделува златен медал и парична награда од 100.000 евра, со обврска да реинвестираат дел од тие пари во истражување.

Сосема неочекувано, Летиција пристигна на доделувањето на наградите во многу елегантно издание.

фото:профимедиа

Таа носеше комплет на дизајнерката Каролина Херера, кој веќе го имаше носено во неколку прилики, но повеќе потсетуваше на комбинациите на облека на војвотката Кејт Мидлтон, отколку на смелите фустани на кои сме навикнати кога станува збор за шпанската кралица.

фото:профимедиа

Сивиот фустан и палтото со виолетова постава од старата колекција за есен 2016 година, кралицата ги искомбинираше со класични сиви салонкии уште еднаш ги воодушеви модните критичари и јавноста со својот софистициран стил на облекување.

To top