Првите три сезони на реалното шоу „Задруга“ ги одбележа семејството Ѓогани. Во првата сезона Луна беше осудена од народот затоа што стапи во врска со оженетиот Слободан Радановиќ. Иако многумина и свртија грб, нејзината мајка ја поддржуваше во борбата за нејзината љубов.
Луна влезе во втората сезона како сингл девојка, а потоа нејзиното срце го освои Марко Миљковиќ со кого сега е свршена и очекуваат бебе.
Третата сезона беше најбурната за семејството Ѓогани. Луна и нејзниот татко Гаги, како и мајката Анабела Атијас, беа на имотот во Шимановци. Бевме сведоци на нивните жестоки расправии и сето тоа имаше влијание врз нивното семејство во надворешниот свет.

За прв пат, петнаесетгодишната ќерка на Гаги и Анабела, Нина Ѓогани откри каков пекол поминала за време на нивниот престој во „Белата куќа“. Таа се вклучи во живо на својот Инстаграм профил и одговараше на прашања од следбениците. По тој повод, таа откри дека била тепана поради „Задруга“.

– Преживеав пекол поради тоа. На училиште не беше до толку, но наставниците не ме сакаа. Јас бев натепана во еден дел од Белград заради „Задруга“, пред три години. Ме удрија – рече Нина.
Инстаграм видеото погледнете го во тука