Инфлуенсерката од Тексас, Алексис Шаркеј била пронајдена мртва откако исчезнала по „Денот на благодарност“.
Нејзиното голо тело било пронајдено покрај патот во Хјустон.
Нејзината мајка за американските медиуми изјави дека таа исчезнала откако на „Денот на благодарност“ се скарала со непозната личност.
На телото на инфлуенсерката која на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 21 000 следбеници немало траги од насилство.
Дента кога исчезнала не се возела со својот автомобил, а мајка и изјави дека последен пат со нејзините пријатели се слушнала околу 18 часот на денот на исчезнување.
Истрагата е во тек.