Цеца Ражнатовиќ тврди дека била неправедно осудена во 2011 година за измама на пари во ФК Обилиќ.
Пејачката вели дека би била многу побогата ако навистина присвоила милиони од трансферот на фудбалери.
„Ме прогласија за крадец, а јас немам ниту пет недвижности“вели Цеца.
Таа додева дека со нејзината сестра Лидија би биле богати ако присвојат пари од трансферот на фудбалерот на ФК Обилиќ, за што беше осудена пред девет години.
Фолк ѕвездата тогаш со својата сестра помина една година во домашен притвор и на државата и плати 1,5 милиони евра, а како што вели морала да признае дека е виновна бидејќи од две зла го бира полесното.
„Не прогласија за крадци. Моравме да признаеме дека сме виновни, од две зла го бираш помалото. Ми рекоа дека украдовме многу милиони со сестра ми, а таа нема ништо. И јас која работам 33 години плаќам данок, па немам ни пет недвижнини. Не велам дека сум сиромашна, ама немам не знам колку многу“ – вели Ражнатовиќ.
Таа исктанува дека е прва на мета кога државата го проверува потеклото на имотот и кој од пејачите го плаќа данокот.
Како што вели, таа нема проблем со тоа бидејќи редовно ги плаќа сите обврски.
„Јас сум прва на удар кога проверува даночната инспекција. Потеклото на мојот имот, моите концерти се секогаш чешлани … Но, не се плашам, нема што да кријам. Јас работам работа што е јавна, не одржувам мали концерти, не пеам тајно, така што не можам да сокријам ништо, дури и ако сакам. Потеклото на имотот морав да го докажам неколку пати, бидејќи во оваа земја нема заштитени луѓе. Проверуваа каде настапував и колку плаќав данок. Никогаш не најдоа ништо спорно. Не се жалам, тоа е работа на државата. Спијам мирно, и тоа ми е најважно“ – заклучува Цеца.