За шармантната актерка Шерон Стоун годините се само бројка и времето како да застанало.
Имено, таа уште од хит филмот „Ниски страсти“ важи за заводничка, а со текот на годините се повеќе е позгодна и позаводлива.
Актерката објави нова фотографија на која е во црно боди и раскопчана кошула, а на нозете има салонки.
„Не само да сум запрепастена, туку сум и благодарна што на 62 години се уште се занимавам со манекенство“, напиша покрај фотографијата.
Следбениците беа воодушевени од позирањето, а и посакаа уште многу години да се заминава со манекенство.