Водителката Јелена Спенџарска ја гледаме секојдневно на малите екрани, па гледачите имаат можност и да се вклучат во програма и да и дадат некаков комплимент.
Овој пат самата одлучи да објави провокативна фотографија на социјалните мрежи, па се пофали со убавината и на што се должи тоа. Како што вели таа, гените играат улога, но и духот си го прави своето, а тој треба да се храни од нешто.
Од убавите моменти и работите кои не исполнуваат. Од местата на кои повторно сакаме да се вратиме , од луѓето кои не прават да бидеме уште подобри. Од насмевката која ни доаѓа кога знаеме дека сме на вистинскиот пат…, напиша Јелена под фотографијата.
Покрај тоа Јелена призна дека сите ја прашуваат за годините, но пак не им ги откри на обожавателите, па горда на тоа со провокативна фотографија ги остави во двоумење.