Велат дека секое чудо три дена трае, а тоа и не е така далеку од вистината ако се земе фактот дека околу документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше многу, за деновиве повторно да прочитаме за старо –новата судбина на Атиџе Муратова.
За Атиџе се пишуваше доста, се снимаа интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес. Денес пак, повторно има интервјуа со неа, но не така често и не како што ја замислувавме – вработена и вдомена во новата куќа.
Неодамна на ТВ Алфа се емитуваше интервју во кое Атиџе зборуваше дека повторно живее во старата куќа, бидејќи со социјаланта помош од 4 илјади денари не може да ја одржува за струја, вода и се што е потребно.
Понекогаш нема ниту храна, а и здраствено не се чувствува добро по повредите откако ја нападна куче. Сепак, таа самата вели дека никогаш не би побарала помош бидејќи се срами. На своја иницијатива, телевизијата објави трансакциона сметка од банка каде може да се донира за Атиџе, а и тие помогнаа во истото.
Пејачкта, водителка и писателка Сузана Турунџиева, периодов е голема поддршка на Атиџе во секоја смисла.
Сузе на својот профил објави фотографија од Атиџе на која едвај ја познавме медената хероина.
Нашминкана, дотерана, со фризура, каква што не беше ниту на Оскарите.
Но, акцентот во објавата на Турунџиева беше сосема поинаков.
-Оваа жена е бесценета за нашата земја… Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто срце…Колку што сум тажна и лута што некои медиуми и поединци со нивните непромислени потези деновиве се обидоа да и го скршат достоинството и да ја прикажат во светло кое таа не го заслужува, толку сум благодарна што во приватни пораки добив еден куп пораки од добри и хумани луѓе кои се подготвени да и помогнат, за да и покажеме дека не е сама, и дека колку сме – толку сме, но секогаш ќе бидеме тука за неа… Ви благодарам на сите, пишува Турунџивеа.
Атиџе е доказ дека чудата навистина се случуваат, а да се надеваме дека животот за неа нема да остане онаков каков што го гледавме од документарецот и ни течеа солзи.