Водителката Јелена Димитријевиќ минува низ вистински семеен пекол откако се откри дека ќерката на фолкерот Милан Топаловиќ – Топалко, расната Хелена, е во врска со сопругот на водителката, Драган Алексиќ.
Како што пишува српски „Ало“, водителката немала поим дека нејзиниот сопруг има љубовница, а особено не дека тое е ќерката на познатиот фолкер, со кого има одлични реалации.
„Јелена и Топалко беа во феноменални односи. Тие се познаваат со години и тој често беше гостин во сите емисии што таа ги водеше“ – вели извор близок на атрактивната русокоса за гореспоменатиот медиум и додава дека Јелена дознала за неверството на сопругот откако осамнала заедничка фотографија од аеродромот, на која може да се види нејзиниот сопруг како ја гушка ќерката на Топалко.
„Драган очигледно патувал насекаде со Хелена, а на Јелена и велел дека патува на деловни средби и состаноци. Тој дури излажал за своето одење во Дубаи, каде има своја фирма и каде Јелена и тој живееле со години, а всушност ја однел љубовницата во Египет“ – изјавил изворот и додал:
„Јелена во моментов минува низ вистински пекол. Нејзиниот телефон постојано sвони и сите нешто сакаат или да и кажат или да ја прашаат.
Исто така, откако оваа афера стана јавна, Јелена доби разни информации за Хелена и Драган, како и нивни заеднички фотографии.
Тешко и е, бидејќи не знае сето тоа како да му го објасни на синот, на семејството…“ – заклучил изворот.