Радио Милева потресен спомен

Ова е последната фотографија на Диего Марадона пред да почине: Неговиот вонбрачен син не стигна да го види својот татко (ФОТО)

Ова е последната фотографија на Диего Марадона пред да почине: Неговиот вонбрачен син не стигна да го види својот татко (ФОТО)

Легендата на светскиот фудбал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, големиот  Диего Армандо Марадона, почина во својот дом на 60-годишна возраст од срцев удар.

Осамна последната фотографија од Марадона која е направена во болницата по операцијата, а како што може да се видите на сликата, тој има насмевка на лицето. Местото на главата каде што била извршена операцијата е покриено со завој и газа. Марадона имаше субдурален хематом, всушност акумулација на крв помеѓу мозокот и мембраната.

Вонбрачниот син на Марадона бил примен во болница само 24 часа откако неговиот татко ја напуштил клиниката, каде што претходно бил опериран. Диего Марадона Јуниор бил заразен со коронавирус, па бил примен во болницата во Неапол.

Марадона го призна својот вонбрачен син дури  во 2016 година, но на големо жалење поради Ковид 19, тој не можеше да го посети и за последен пат види својот татко.

To top