Српскиот пејач Дарко Лазиќ реши целосно да го поправи своето тело и да се врати во форма, па по операцијата на желудникот, претрпе уште неколку интервенции.
Сега, пејачот одлучи да се ослободи од стриите на нозете и стомакот што му се појавија, бидејќи изгуби дури 70 килограми.
“Дарко се грижи за својата диета откако изгуби тежина после операција на желудникот, но има проблем со стрии. На предлог на пријател, тој отиде во ласерски центар, каде ги отстрануваат лузните и стриите”, рече пријателот на Лазиќ.
View this post on Instagram
Покрај тоа, тој додаде дека неговата свршеница Марина Гагиќ секогаш оди на сите овие третмани со пејачот.
„Беше глупаво за Дарко да оди сам во салонот за убавина, па ја натера Марина да оди со него“, рекол изворот.