Легендата на српската фолк музика, Предраг Живковиќ – Тозовац во мај минатата година ја оперираше каротидната жлезда, а набргу по операцијата изјави дека е добро и дека нема сомнеж дека ќе може повторно да пее.
За жал, Тозовац сега рече дека повеќе нема да имаме можност да го слушаме, барем не во живо, бидејќи тој остана без својот прекрасен глас.
„За жал, лекарите ми ги уништија гласните жици за време на операцијата. Отпрвин имав проблем и со говорот, но за среќа тој ми се врати. Сега зборувам нормално, но не можам да пеам. Сега можам само да потпевнувам“ – вели пејачот и додава дека тој одбил да оди на операција на гласните жици.
„Тие ми предложија интервенција на моите гласни жици, но јас сум скептичен. Се надевам дека со тек на време ќе се опорават самите. Да бев неколку децении помлад, веројатно ќе страдав затоа што не можам да пеам, бидејќи музиката е мојот живот“ – рече Тозовац. Човекот кој ги отпеа легендарните песни „Јеремија“, „Влајна“, „Празна чаша“, „Ваму цигани“… истакнува дека би сакал повторно да го земе микрофонот во раце, но додава и дека по операцијата продолжил да живее како да има 20 години.
„Се надевам дека мојот глас некако ќе се врати. Да ја немам таа надеж, до сега ќе умрев“ – изјавил Предраг Живковиќ – Тозовац.