Како гостин во емисијата што Бора Сантана го има во рамките на „Задруга“, инспекторката Лили Стевановиќ со маска на лицето изјави дека пред повеќе од десет години присуствувала на забава на јахтата на рускиот тајкун и милијардер Роман Абрамовиќ, каде се појавила и најпознатата пејачка од Хрватска , во друштво на нејзината сестра и една од актуелните задругарки.
– Навистина нема да откријам за која учесничка станува збор, но верувам дека таа ќе се пронајде себеси. Инаку, таа се дружи со сестрата на најпознатата пејачка од Хрватска, па сите три дојдоа на јахтата на Роман, каде имаше разни акции. Имаше дружење, забава, сè со ред… – енигматично рече Лили.
На инсистирање на Бора Сантана да го каже името на пејачката, Лили рече:
– Ако кажам дека е најпозната, тогаш може да има само една – додаде таа, а Бора продолжи да инсистира:
View this post on Instagram
– Нина Бадриќ или Северина- праша тој.
– Па, нека биде една од нив двете, но јас веќе реков дека таа е најпозната – потенцираше Лили, очигледно сакајќи да му соопшти дека е Северина.
View this post on Instagram
– Четири дена крстаревме по Јадранот и беше навистина убаво. Дојдоа разни луѓе меѓу другото, слетаа во приватни авиони, па така Роман дојде со својата сопруга. Таму беше неговиот кум, исто така богат човек, а задругарката за кој зборував постојано висеше околу него и некои други луѓе. Претпоставувам дека така таа собрала контакти – рече поранешната инспекторка, додека членовите на „Задруга“ слушаа шокирано.
Српски Ало контактирал со ПР тимот на Северина Којиќ, но тие не беа достапни за коментар во врска со приказната што Лили ја откри во „Задруга“.