Водителката на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска изминатите години немаше пракса да открива детали од својата приватност и љубовниот живот пред очите на јавноста, но сега веројатно поради силните љубовни искри, Еленче пред сите ја покажува љубовта со саканиот.
Кога е професионално послободна од снимања, Елена и Бојан времето најмногу го минуваат во викендица на Маврово.
View this post on Instagram
Познатата водителка често знае да објави фотографии од прекрасната природа, но овој пат гордо се пофали со тоа дека нејзиниот Бојан не само што е домаќин човек, туку е одличен и во кујната.
Тој на саканата и подготвил октопод, па додека шефот го маринираше, Елена тоа го сними на својот Инсатграм. Очигледно избраникот на Еленче и тоа како си ја пази и чува.
Да дише чист воздух наместо да седи во загаденото Скопје, да јаде здраво и секако да ужува во љубов.
„Тогаш кога најмалку очекуваш се случува љубовта. Среќна сум, со Бојан се надополнуваме, имаме разбирање еден за друг и многу ми значи што без проблем го прифати ова што јас го работам и максимално ме поддржува во се“, откри водителката во една прилика за „Бекстејџ“.
Инаку Бојан Најдоски, кој барем според информациите на социјалните мрежи, се заминава со угостителство и е сопственик на еден локал во Скопје.
Љубовната кулминација ја очекуваме со свршенички прстен на раката на Елена.