Познатиот фолк пејач Дарко Стојаноски, кој ја негува исклучиво македонската песна со изворна и патриотска тематика, деновиве промовираше спот за песна посветена на Реканскиот крај, која носи наслов „Моја Долна реко”.
„Сега подготвувам уште една нова песна, а се надевам дека за “Сонцето од Кутлеш” ќе успеам да доснимам уште една строфа и да ја докомплетирам, па ќе снимаме и за неа спот. Музиката за оваа песна ја направив јас, тука се јавувам како автор, текстот е на Драган Матески кој е автор и на “Сонцето од Кутлеш”, а аранжманот е на Љупчо од Студио Анастасија“ – изјави Дарко во неодамнешно интервју за ИН ТВ.
Стојаноски вели дека очекувањата се големи и се надева дека песната ќе биде добро прифатена од народот. Спотот за песната “Моја Долна Реко” е реализиран во соработка со ИН Продукција.
Секако дека Дарко тука не запира. Тој во моментов подготвува уште неколку нови песни за кои како што вели ќе бидат изработени и официјални видеа.
Во продолжение погледнете го видеото за „Моја Долна Реко”:
https://www.youtube.com/watch?v=inyYd_4UL4U&feature=emb_logo